Виена | City Break

Виена

Име на сместување
Држава
Дестинација

Виена

индивидуални патувања

 

Виена – главен град на Австрија, нејзино политичко, економски и културно седиште. Град со изузетна архитектура со велика понуда на историски знаменитости и споменици. Виенската архитектура ја карактеризираат различни стилови, кои припаѓаат на различни историски епохи почнувајќи од романската Рупертова црква, преку готксата катедрала Св. Стефан од XIII век и барокната Карлова црква. Историските најзначајни музејски експонати денеска се чуваат во Hofburg. Меѓу најзначајните експонати е ризницата на Хазбуршката династија, експонати од првокласно значење меѓу кои е и круната на Светото римско царство и царската круна на Австриското царство. Виена го носи и епитетот на музички град во кој живееле композитори како што се Моцарт и Бетовен.


Предлог програма :


1 ден. Скопје – Братислава - Виена
Пристигање на аеродром, два часа пред полетувањето за Братислава. Пристигнување во Братислава.
По пристигањето, индивидуален автобуски трансфер од аеродром  до Виена (цената на автобускиот билет е околу 5 евра), индивидуален трансфер од автобуската станица до хотел (метро / такси) . Сместување.
Ноќевање.

 

2 ден.-3 ден. Виена
Појадок. Слободно време за разглед на градот и индивидуални активности.
Ноќевање.

 

4 ден. Виена – Братислава - Скопје
Појадок.
Напуштање на хотелот и индивидуален трансфер до аеродромот. Лет за Скопје. Пристигање на аеродромот
,, Александар Велики ''. Крај на услугата

 

цена – од 81 евро

 

Хотел / Категорија

Пан.услуга

Цена

Lucia 3*

Наем

Од 81 евро

Mozart 3*

појадок

Од 89 евра

Artis 4*

Наем

Од 91 евро

NH Wien Belvedere 4*

Наем

Од 115 евра


 

Важни напомени -
* Цените дадени во табелата се изработени врз основа на најповолната понуда од авио компанијата и хотелот,
расположливоста за сместување на лет и во хотел е на основа на моменталната состојба, како на авионот, така и во хотел.
* Наведените цени, НЕ важат во период на државен национален и верски празник.

Во цената е вклучено :
* Авионски билет Скопје – Братислава – Скопје
* 3 ноќевања во избраниот хотел
* Соодветно избрана пансионска услуга

 

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено :
* Аеродромски такси -
* Трансфер аеродром – хотел – аеродром
* Патничко осигурување

 

ПРЕДЛОГ МЕСТА ЗА ПОСЕТА -
- Schönbrunn Palace
- Albertina
- Austrian Parliament Building
- Belvedere Palace
- Burgtheater
- Vienna State Opera
- St. Stephen's Cathedral
- Stephansplatz
- Hundertwasserhaus
- Naturhistorisches Museum

Опис на хотелот :

 

LUCIA 3*

http://www.lucia-hotel.at/index.php/en/
Хотелот се наоѓа во непосредна близина на прекрасната Шенбрун Палата, на само 2 минути пешачње од метро станицата U3 и на минута пеш од трамвај станицата бр.49. Овој прекрасен фамилијарен хотел е добро поврзан со сите делови на прекрасниот град, Виена. Без разлика дали сте турист за излет, шопинг или бизнис хотелот е многу лесно поврзан и е лесно достапен со прекрасно организираниот јавен превоз. Хотелот е со одлична и хармонична атмосфера, стилски опремен и со одлична услуга, овозможувајки на некој гостин лесен  и релаксирачки престој. Хотелот располага со паркинг, сеф, лифт... додека во климатизираните соби, гостите можат да уживаат во прекрасно дизајнираните соби, ТВ, бежичен интернет, сопствен тоалет, фен, ...... На располагање на гостите им се овозможува прекрасен појадок во основниот ресторант, одличен почеток на денот во срцето на Европа, далеку од гратската гужва и можност за спокојно планирање на почетокот на денот, било за разглед, било за бизнис ...

 

MOZART 3*

http://www.hotelmozart-vienna.at/en/
Хотел Моцарт е традиционален 3* хотел кој нуди удобно сместување со елегантен ентериер и добри транспортни врски во близина на центарот на Виена.
Alsergrund е нова и модерна област со бројни универзитети, музеи .... Во близина на Liechtenstein Garden Palace и познатиот Музеј на Сигмунд Фројд. Во близина на хотелот е метро станицата  Friedensbruecke, преку кој се обезбедува брз и лесен пристап до сите други популатни туристички атракции во Виена.
Хотелот располага со бар, основен ресторант, сеф, интернет (со доплата).... додека собите во хотелот се стандардни, пријатни и сите поединечно декорирани, со САТ ТВ, радио, телефон, тоалет...
Барот во хотелот е совршено место за мирен вечерен пијалок. Во основниот ресторант секое утро се служи појадок, истотака во околина на хотелот има бројни ресторанти и можности за појадок, ручек или пријатни вечери...
На услуга на гостите, хотелот располага со 24 часовна рецепција.



NH WIEN BELVEDERE 4*

http://www.nh-hotels.com/hotel/nh-wien-belvedere
Хотелот е идеално лоциран во една од главните туристички области 03. Landstraße, овозможувајки прекрасна и релаксирачка посета на Виена.
Хотелот располага со 24 часовна рецепција, бежичен интернет во сите климатизирани соби и јавните површини на хотелот, фитнес центар, сауна, спа, масажа.. додека во собите се располага со сопствен тоалет, сеф, фен, ....
Бебињата од 0 до 1,99 год. кои спијат заедно со родителите, се сместуваат бесплатно. Доколку се користи детско креветче се доплаќа, доплатите се на лице место на рецепција.
Деца од 2 до 3,99 задолжително користат дополнително легло.
Постојат различни дополнителни легла, во зависност од типот на сместувањето.
Гостите над 3 год. се сметаат за возрасни.

 

ARTIS 4*

http://www.vho.at/artishotel/index.en.html
Хотелот се наоѓа во резиденцијалната, амбасадорска област на Виена, во близина на палатата Белведере. Во близина на хотелот се и трамвајската и метро станицата, така да гостите на хотелот имаат лесен пристап до сите знаменитости на Виена.
Стандардните соби во хотелот се со околу 16 м.кв. и се со пријатни и топли бои. За гостите кои сакаат детско креветче, им е достапно на барање.
Ресторантот кои работи во склоп на хотелот, се наоѓа на приземје и е мешавина од традиционален австриски стил и модерен декор.
Лобито е пространо во светла и пријатна атмосфера.
Одлично место за ваш престој, со идеални конекции до останатите делови на Виена.

 

Начин на плаќање :
* Готовинско или плаќање со кредитна картичка
* При резервацијата на аранжманот се уплаќа 50% од износот на аранжманот,
остатокот се уплаќа најдооцна 15 дена пред почетокот на аранжманот
* Доколку плаќањето се врши преку девизна сметка – банкарските трошоци ги покрива барателот на услугата

 

Важни Напомени :
* Категоризацијата и класификација на хотелите е во согласност со законодавството и нормите на земјата-домакин
* Потврда од хотелот се чека околу 48 часа од уплата на аконтацијата (несметајки ги сабота и недела)
* По правило влезот во хотелот е после 14 часот, излезот најкасно до 10 часот според локално време
* Задолжителен dress code за време на оброците во хотелот
* ТА АтлантиС не е одговорна за реализација на избраните локални факултативи  и излети
* Патниците сами сносат одговорност за личната патна документација и нејзината валидност
* Малолетните лица кои патуваат без придружба од двајцата родители, задолжително треба да имаат заверена согласност од родителите при премин на границата

ТА АтлантиС го задржува правото да пропише и други услови за плаќање, при поедини промотивни периоди
Цената е гарантирана само при уплата на комплетниот износ. Во спротивно, гарантиран е само износот на аконтацијата.
Во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на авио услугите и хотелското сместување, агенцијата го задржува правото на корекција на цената, измена на програмата на патување или отказ на патувањето.

КРАЕН РОК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ, ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ОД СТРАНА НА ТА АТЛАНТИС Е 5 ДЕНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПАТУВАЊЕТО.
Организаторот има право да 5 дена пред поаѓање го откаже патувањето, поради пребукираност во хотелот или да понуди алтернативен смештај во друг хотел од иста категорија и слична цена.

СЕ МОЛАТ ПАТНИЦИТЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ, НАЈКАСНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ.

ЗА ОВОЈ ПРОГРАМ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НАВЕДЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ПРИ ТА АТЛАНТИС ВО СОГЛАСНОСТ СО СКТМ.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
2. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
3. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
4. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
6. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Newsletter


Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk