Братислава | City Break

Bratislava

Име на сместување
Држава
Дестинација

Братислава

индивидуални патувања

 

Братислава - главен град на Словачка и со своите 429.000 жители тој е најголем град во републиката.
Братислава се наоѓа во југозападниот дел од државата на двата брега на реката Дунав. Поради неговата местоположба и блискоста со австриската и унгарската граница, тој е единствениот град во светот кој граничи со две независни држави.Братислава и Виена се едни од најблиските главни градови во Европа кои се оддалечени нешто помалку од 60 километри.

Братислава е политички, културен и економски центар на Словачка. Градот е седиште на словачкиот претседател, Собрание и Влада. Исто така во Братислава се наоѓаат неколку универзитети, музеи, театри, галерии и останати значајни културни и економски институции. Голем дел од словачките претпријатија и финансиски институции се наоѓаат токму во главниот град.

Низ историјата градот долго време бил познат под германското име Пресбург и самата историја била под влијание на различни народи како на пример Германци, Чеси, Унгарци, Словаци или Евреи.
Градот бил главен град на Кралството Унгарија како дел од поголемата Хабсбуршка монархија од 1536 до 1783 и дом на голем број истакнати словачки, унгарски и германски историски фигури.


Предлог програма :

1 ден. Скопје – Братислава
Пристигање на аеродром, два часа пред полетувањето за Братислава. Пристигнување во Братислава.
По пристигањето, индивидуален од аеродром  до хотел . Сместување.
Ноќевање.

 

2 ден.-3 ден. Братислава
Појадок. Слободно време за разглед на градот и индивидуални активности.
Ноќевање.

 

4 ден. Братислава - Скопје
Појадок.
Напуштање на хотелот и индивидуален трансфер до аеродромот. Лет за Скопје. Пристигање на аеродромот
,, Александар Велики ''. Крај на услугата

ЦЕНА - од 86 евра

Хотел / Категорија

Пан.услуга

Цена

Hotel Bratislava 4*

Амер.појадок

Од 86 евра

Htl.Vienna House Easy Chopin 3*

Наем

Од 96 евра

Htl.Ibis Bratislava Centrum 3*

Наем

Од 114 евра

Skaritz Hotel & Residance 4*

Наем

Од 135 евра

 

Важни напомени -
* Цените дадени во табелата се изработени врз основа на најповолната понуда од авио компанијата и хотелот,
расположливоста за сместување на лет и во хотел е на основа на моменталната состојба, како на авионот, така и во хотел.
* Наведените цени, НЕ важат во период на државен национален и верски празник.

 

Во цената е вклучено :
* Авионски билет Скопје – Братислава – Скопје
* 3 ноќевања во избраниот хотел
* Соодветно избрана пансионска услуга

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено :
* Аеродромски такси -
* Трансфер аеродром – хотел – аеродром
* Патничко осигурување

ПРЕДЛОГ МЕСТА ЗА ПОСЕТА -
- Bratislava Castle
- Hviezdoslav Square
- Primate's Square
- Michael's Gate
- Church of St. Elisabeth
- Trinitarian Church
- Bratislava Old Town
- Freedom Square

 

Опис на хотелот :

BRATISLAVA 4*

http://www.hotelbratislava.sk/
Овој 4* хотел се наоѓа во предградието на Братислава, основан во 1974 год. Хотелот располага со ресторант, бар, конференциска сала и кафуле. Хотелот е реновиран во 2013 год. располага со главна зграда и анекс зграда, има вкупно 272 соби, од кои двокреветни, еднокреветни и апартмани, опремени со тоалет, балкон, сеф, централно греење, фен, минибар, телефон, ТВ, интернет пристап. Додека хотелот располага со 24 часовна рецепција, сеф, менувачница, интернет пристап, фитнес сала, сауна, парна бања, салон за убавина и масажа, ноќен клуб. 

 

SKARITZ HOTEL AND RESIDENCE 4*

https://www.skaritz.com/?lang=en
Овој елегантен и атрактивен хотел се наоѓа во строгото централно гратско подрачје, сместен на популарната Michalska улица, кој пружа лесна достапност за шопинг, јадење, забава .... Овој хотел е идеален избор за секаков вид на посетители, нудејки шармантна и пријатна атмосфера во комфортните соби опремени со ТВ, интернет, тоалет, минибар, фен..... Хотелот покрај одличната местоположба, на своите гости на располагање има паркинг, гаража, 24 часовна рецепција, интернет, превоз до аеродром(со доплата), ресторант, кафе бар, сала за состаноци, сеф, сауна и масажа, лифт.... 

 

VIENNA HOUSE EASY CHOPIN BRATISLAVA 3*

https://www.viennahouse.com/en/easy-chopin-bratislava/the-hotel/overview.html
Хотел со одлична локација во близина на централното гратско подрачје, место од каде ќе го почувствувате и слушнете зуењето на градот. Хотел кој со својата локација е одлична база за бизнис патниците, како и туристите кои сакаат да ја истражуваат Братислава, хотел, на неколку метри одалеченост од Avion Shopping Park и аеродромот во Братислава. Хотелот располага со сала за состаноци, ресторант, ланџ бар, лифт, перална, паркинг, интернет пристап... додека на своите гости во климатизираните собите на располагање имаат телефон, тоалет, фен, САТ ТВ, бежичен интернет

 

IBIS BRATISLAVA CENTRUM 3*

http://www.ibis.com/gb/hotel-3566-ibis-bratislava-centrum/index.shtml
Хотел Ибис е 3* хотел сместен во централното гратско подрачје, со лесна достапност до јавниот превоз, на само 9 км одалеченост од аеродромот. За љубителите на уметноста и историјата, хотелот е во центарот на стариот град и на само неколку минути пешачење од Братислава замокот. Хотелот располага со 120 соби, стилски опремени, климатизирани, радио, телевизија, тоалети со туш кабина, фен. Во склоп на хотелот работи ресторант кој нуди национални и локални специјалитети на храна, меѓународна кујна... на услуга на гостите хотелот има лоби бар, паркинг, можност за рент а кар, лифт....

 

 

Начин на плаќање :

* Готовинско или плаќање со кредитна картичка
* При резервацијата на аранжманот се уплаќа 50% од износот на аранжманот,
остатокот се уплаќа најдооцна 15 дена пред почетокот на аранжманот
* Доколку плаќањето се врши преку девизна сметка – банкарските трошоци ги покрива барателот на услугата

Важни Напомени :
* Категоризацијата и класификација на хотелите е во согласност со законодавството и нормите на земјата-домакин
* Потврда од хотелот се чека околу 48 часа од уплата на аконтацијата (несметајки ги сабота и недела)
* По правило влезот во хотелот е после 14 часот, излезот најкасно до 10 часот според локално време
* Задолжителен dress code за време на оброците во хотелот
* ТА АтлантиС не е одговорна за реализација на избраните локални факултативи  и излети
* Патниците сами сносат одговорност за личната патна документација и нејзината валидност
* Малолетните лица кои патуваат без придружба од двајцата родители, задолжително треба да имаат заверена согласност од родителите при премин на границата

 

ТА АтлантиС го задржува правото да пропише и други услови за плаќање, при поедини промотивни периоди
Цената е гарантирана само при уплата на комплетниот износ. Во спротивно, гарантиран е само износот на аконтацијата.
Во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на авио услугите и хотелското сместување, агенцијата го задржува правото на корекција на цената, измена на програмата на патување или отказ на патувањето.

КРАЕН РОК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ, ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ОД СТРАНА НА ТА АТЛАНТИС Е 5 ДЕНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПАТУВАЊЕТО.
Организаторот има право да 5 дена пред поаѓање го откаже патувањето, поради пребукираност во хотелот или да понуди алтернативен смештај во друг хотел од иста категорија и слична цена.

СЕ МОЛАТ ПАТНИЦИТЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ, НАЈКАСНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ.

ЗА ОВОЈ ПРОГРАМ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НАВЕДЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ПРИ ТА АТЛАНТИС ВО СОГЛАСНОСТ СО СКТМ.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
2. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
3. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
4. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
6. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Newsletter


Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk