Одмор на островот Маурициус

Mauritius

Име на сместување
Држава
Дестинација

ОДМОР НА ОСТРОВОТ МАУРИЦИУС

Програма за 10 дена / 8 ноќевања

 

Островот Маурициус – катче од рајот кој ќе го воодушеви секој кој стигнал до неговата магија. Самото име на островот укажува за тропскиот луксуз, спокој и можност за прекрасен одмор. Маурициус ќе ве фасцинира и ќе направи да се чувстувате дека сте дел од малкуте избрани кои стигнале до ова неверојатно место каде што секој посетител има лично внимание и каде што зад секоја насмевка се крие ветување за уникатен одмор.

Република Маурициус е островска држава во југозападен Индиски Океан, на околу 900 км источно од најголемиот африкански остров Мадагаскар. Освен островот Маурициус дел од републиката се и островите Св. Брендан, Родригес и Агалега. Островот е откриен во 1507 год од португалски морепловци и претходно не бил населен од луѓе. Главен град е Порт Луис, а официјален јазик е англискиот кој е и основен трговски јазик. Се користи и францускиот јазик кој е во основата на локалниот разговорен креолски јазик. Од мај до октомври времето е поладно кое се изразува повеќе во ниската влажност на воздухот, отколку во намалувањето на температурите.

Маурициус – таму каде што се измешани минатото и сегашноста, таму каде што воодушевуват природните глетки и архитектонски знаменитости, таму каде што плажите се бескрајни и каде што тиркизната вода нежно ги мие бреговите со бел песок.

 

                                                         

 

 ПРОГРАМА

 

Прв ден

Лет Скопје-Истанбул со авио компанијата Turkish Airlines. Поетува во 20:40 часот. 

Втор ден

Слетува во 00:20 часот наредниот ден . Лет Истанбул-Маурициус со авио компанијата Turkish Airlines. Полетува во 02:20 часот и слетува во 13:15 часот на аеродромот во Маурициус .Пристигнување и трансфер од аердромот до Вашиот избран хотел.Сместување во хотелот после 15:00 часот на соодветната услуга (можност за рано сместување според дополнително плаќање).Ноќевање.

 

Трет – деветти ден

Појадок. Слободно време за целосен одмор или дополнителни екскурзии. Освен прекрасните плажи, белиот песок и топлите боди, островот Маурициус нуди можност за дополнителни активности како нуркање, сурфање, голф, посета на природни паркови, ботанички градини, скокање со падобран, пловење со јахта и многу други. Ноќевање.

 

Деветти ден

Појадок. Напуштање на хотелот претпладне. Слободно време. Доцен трансфер до аеродромот со автобус. Лет Маурициус-Истанбул со авио компанијата Turkish Airlines. Полетува во 21:05 часот.
 

Десети ден

Слетува во 06:00 часот. Лет Истанбул-Скопје со авио компанијата Turkish Airlines. Полетува во 08:50 часот, слетува во 08:20 часот.
 

 

  • Часовите на летовите се на авио компанијата Turkish Airlines. Можни се алтернативни летови на истата или друга авио компанија.

 

 

ПАКЕТ ЦЕНИ 8 ноќевања

  • *Пакетните цени не важат за периодот на Новогодишните празници меѓу 20.12 и 07.01.2017 год.

ХОТЕЛ

Возрасен во двокреветна соба

Еднокреветна соба

Трет возрасен

Дете со 2ца возрасни

Услуга

Hotel Veranda Pointe Aux Biches Hotel&SPA 3*++

1780 евра

2070 евра

N/A

1360 евра

 

HB – појадок и вечера / Comfort Room

Hotel Crystal Beach 4*

1895 евра

 

2415 евра

1895 евра

 

1695 евра

 

All Inclusive

Hotel La Palmeraie Boutique 4*

1895 евра

 

2415 евра

1895 евра

 

1695 евра

 

All Inclusive

Hotel Le Meridien Ile Maurice 4*

2375 евра

2959 евра

1795 евра

 

1215 евра

 

HB – појадок и вечера / Deluxe Room

Sofitel Imperial Resort & SPA 5*

2039 евра

 

2615 евра

N/A

1415 евра

HB – појадок и вечера

Outrigger Mauritius 5*

2439 евра

 

2959 евра

1895 евра

 

1575 евра

 

All Inclusive / Sea View Room

 

 

 

  • *Пакетните цени се по лице за 8 ноќевања, авио билет со вклучени аеродромски такси, трансфери и здравствено осигурување.

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • 8 ноќевања на соодветна услуга во избраниот хотел
  • Авионски билет Скопје-Истанбул-Маурициус-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром и пакет за добредојде кој вклучува:

−         Личен пречек на аеродромот во Маурициус од нашите партнери со цвеќе и минерална вода 

−         Асистенција на аеродромот

−         Пакет кој вклучува карта на остров Маурициус и информација за екскурзиите кои се нудат

−         Придружба до хотелот од представник на партнер агенцијата

−         Информативна средба во избраниот хотел 

−         Лично планирање на екскурзиите 

−         24 часовен придружник за време на престојот

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • По желба можност за рано сместување во хотел со доплата
  • По желба индивидуален трансфер со луксузен автомобил, трансфер со хеликоптер 
  • Услуги кои не се спомнати како вклучени за соодветниот хотел 
  • Трошоци од личен карактер 
  • Бакшижи 
  • Осигурување "Отказ на патување"

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

  • Меѓународен пасош со валидност минимум 6 месеци од датумот на враќање 
  • За деца под 18 год кои патуват без родители – на нотар заверено полномошно од родителот што не патува или двата родители (оригинал и 1 копија). За деца чии родители се со различно презиме потребна е копија од извод на раѓање на детето во кој се напишани имињата на двата родители.

 

УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

  • Аванс во изност од 50% од пакет цената
  • Рокот за доплата се определува во зависност од избраниот хотел и периодот до почетокот на патувањето. 

 

ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА: 

  • Туроператорот може да понуди авио билет на релација Скопје – Маурициус – Скопје и на други авио компании ако цената е пониска од понудената во програмата. 
  • Авиокомпаниите кои оперират летови до Маурициус се : Austrian Airlines, Air France, Air Mauritius, Emirates, Turkish Airlines.
  • Пакетната цена не е обврзана со минимален број патници и определена дата. 
  • Програмата е индивидуална. Не е предвиден водич од страна на туроператорот.
  • Нема санитарни и медицински барања за патување до островот Маурициус. 

 

 

РОКОВИ ЗА ОТКАЗ:
 

При издаден авио билет од туристичката агенција на релација Скопје – Маурициус - Скопје:

  • При издаден авио билет на релација Скопје – Маурициус – Скопје, сумата на билетот не се враќа

Роковите за отказ на сместувањето се според политиката на секој хотел.

 

 

Што би можеле да посетите во секој дел на островот за време на Вашиот одмор?

 

Северниот дел на островот

Grand Bay – трговски и забавен рай, местото каде локалните жители се упатуват кога сакат ноќна забава (ресторани, барови и дискотеки). Неодамна обновената плажа La Cuvette исто заслужува да биде посетена.

Перејбере– една од популарните плажи, позната по своите трговски објекти, ресторани и пабови.

Balaclava RuinsНа метри од Baie aux Tortues, именувана по мноштвото желки во реонот од морнари во 18ти век каде што можат да се видат урнатините на старата тврдина Balaclava.

The Triolet Shivala – најдолгото населено место на островот, градот Триолет нуди можност го посетите најголемиот хинду храм, изграден во 1819 год во чест на боговите Шива, Кришна, Вишну, Муруган, Брахма и Ганеша.

Овошните градини Labourdonnais – откријте широк спектар од тропски овошни дрвја, обоени и ароматични егзотични цвеќиња.

 

Источниот дел на островот

Flacq Market - Flacq е една од најважните населби во Маурициус. Ова место за средби на жителите на истокот се гордее со најголемиот отворен пазар во земјата. Исклучително обоен пазар кој привлекува голем број туристи секоја година.

Аквапарк Leisure Village – уживајте во незаборавните мигови во аквапаркот – Вашиот релакс и задоволство се гарантирани.

 

Југоисточниот дел на островот

Холандските урнатини - Во Vieux Grand Port, можете да ги видите остатоците од првите холандски утврдувања. Ископувањата се во тек и истражувачите ќе се обидат да откријат важен дел од истроијата на островот Маурициус.

Махебург – овае една од главните рибарски населби на островот. Кулите Martello се една од најинтересните атракции овде. ИЗградени во 1804 год на раскошниот залив Grand Port, кулите ја симболизират сцената на соперништвото меѓу старите колонијални сили и генијалноста на човештвото. Тие се пресвртница во истoријата на островот, го симболизираат крајот на робството и почетокот на индиската имиграција.

Souillac – мало одмаралиште кај карпестиот брег на областа Savanne. Едно популарно место е најјужната точка на селото, точно на врвот на карпата Gris Gris од каде има неверојатен панорамски поглед.

 

Во внатрешноста на островот

Ganga Talao - Grand Bassin – Надвор од La Marie и Mare-AUX-Vacoas се наоѓа едно од двете природни езера на островот Маурициус. Создадено е во кратер на неактивен вулкан. Ganga Talao е важно место за поклонение и многу локални жители одат на прошетка таму за време на фестивалот Маха Шиваратри.

BlackRiver Gorges – овој национален парк од 6574 хектари е создаден во 1994 год за зашита на останатите локални шуми на Маурициус. Посетителите можат да уживат во прекрасните пејзажи, со ендемски растенија и ретки видови птици.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ:

 

Полудневен разглед на главниот град Порт Луис:

Разглед на главниот град на островот Маурициус – прекрасниот Порт Луис, ќе Ве одведе низ страниците на историјата и културната разновидност на островот.

Религиозната разновидност е дел од културната традиција на островот. Светилиштата се отворени за секој турист – муслимански џамии, кинески пагоди, хинду храмови и христијански цркви.

Порт Луис е најголемиот град на Маурициус, како и економски и административен центар на островот. Точно до главниот плоштад можете да прошетате по најимпресивниот булевар Place d'Armes, ограден от двете страни с кралски палми. Крајбрежјето на Порт Луис е центарот на културниот живот во Маурициус.

Цена по лице: 105 EUR (од 1 до 3 лица)

                         30 EUR (од 4 до 8 лица)

 

Целодневна тура Мистик:

Нашиот разглед започнува со посета на градот Корип. Тоа е најцентралниот град на островот, основен трговски центар, домаќин на луксузни аристократски дворци и модерни бизнис згради. 

Друга популарна атракција е Trou-AUX Cerfs – неактивен кратер, сместен на највисоката точка на Корип. 

Нашиот разглед продолжува со посета на Ganga Talao – кратерно езеро кој се наоѓа во планински кратер во кварталот Savanne, длабоко во срцето на Маурициус. Toa e сместено на околу 1800 стапки над морското ниво и се смета за најсвето хинду место на Маурициус. Таму е изграден храм посветен на Шива и други Богови вклучувајќи ги Хануман, Лакшми како и множество други храмови во околината. 

Разгледот продолжува со паркот La Vanille – живописен природен резерват чијашто територија е над 3,5 хектари зеленило.

Gris Girs – најјужната точка на островот е доста различно место од другите области во отворените води. Тука каде силните морски струи и бранови удираат во карпите се открива една прекрасна глетка.

Цена по лице: 115 EUR (од 1 до 3 лица)

                         60 EUR (од 4 до 8 лица)

 

Целодневна тура на северниот дел на островот

Ќе се насочиме кон Порт Луис – главниот град на островот Маурициус. Крајбрежната зона на градот вклучува трговски комплекс Caudan, главниот пазар и тврдината Adelaide (позната и како La Citadelle),  към Порт Луис - столицата на остров Мавриций. Крайбрежната зона на града включва търговски комплекс Caudan, основният пазар, пазара на плавателни съдове и крепостта Adelaide (известна още като La Citadelle), изградена од британците во 1835 год.

После тоа ќе се упатиме кон Aventure du Sucre, каде што ќе ја посетиме старата шеќерна мелница која е претворена во модерен музеј, на крајот на која ве очекува прекрасна дегустација на шеќер и рум. Откријте го мистериозниот влез поврзан со раѓањето на островот и спомените од ропството. Ќе се направи пауза за ручек во ресторан Tante Athalie, каде што можете да видите колекција ретро автомобили. После ручек направиме пауза во Памплемус за посета на ботаничката градина  Seewoosagur Ramgoolam.

Именувата во 1988 год како признание за починатиот премиер кој ја донел независноста на државата пред повеќе од 20 години, Ботаничката градина е една од најпосетуваните туристички атракции  во северниот дел на островот.

Ќе имате можност да ги видите прочуените гигантски водни лилјани чии што листа се долги околу 3 метри во дијаметар. Другото неверојатно растение со кој ќе се запознаете е палмата Talipop. Таа цути само еднаш на секој 30 до 100 години. Градините располат со одлични примери за махагонови дрвја и ретките палми Latanier од Мадагаскар.

Цена по лице: 115 EUR (од 1 до 3 лица)

                         60 EUR (од 4 до 8 лица) 

 

 

Целодневна тура на запдната страна на островот: Шарените чуда на Маурициус:

Првата пауза од нашиот разглед е авантуристичкиот парк Casela со вкупна површина од 14 хектари, кој е дом на голем број животни и растенија. Во паркот живеат над 1500 видови птици, вногу видови диви мачки, зебри, гигантски желки, мајмуни. Црниот абанос зазема централно место во паркот.

После прошетката ќе имате можност да отидете ан 45 минутно сафари и за тоа време ќе видите различни видови диви мачки и жирафи.

После тоа се упатувате кон ресторан за ручек, каде ќе имате избор меѓу вегетаријанско / кари / скара мени / креолско мени.

Нашиот разглед продолжнува кон село Chamarel во југозапдниот дел на островот Маурициус, каде што се наоѓат преубавиот водопад Chamarel и сед

Нашият тур продължава към село Chamarel в югозападната част на остров Мавриций,  където се намират величественият водопад Chamarel и седумцветните земи – едни неверојатни природни чуда кои не смеете да ги пропуштите.

Уникатните бои на почвата се формирани од претворањето на базалтова лава во глинени минерали. Оваа релативно мала површина од прекрасни песочни дини е направена од песок од седум различни бои (приближно црвена, кафеава, виолетова, зелена, портокалова, сина и жолта).

Мал рид, опкружен со густи грмушки, составен од замрзнати шарени бранови – сина, розова и виолетова. Одеднаш ветрот ги измешува брановите во вид на виножито, но после тоа се се смирува и секоја боја се враќа на своето место. И овде се одново брановите во сино, розево и виолетово.

Цена по лице: 130 EUR (од 1 до 3 лица)

                         70 EUR (од 4 до 8 лица)

 

 

По патот на чајот

Откријте го трандиционалниот Маурициус следејќи го патот на чајот. Разбудете ги Вашите пет сетила и откријте како се одгледуват и прават чаевите, рома, ванила и етеричните масла. Ова патување ќе ве одведе назад во времето до првите денови на островот Маурициус и ќе имате можност да ги видите најголемите плантажи каде се надгледува процесот на одгледување и производство на чај и рум.

Првата пауза е во градод Корпип кој е еден од основните трговски центри на островот – кој се смета како втор град после Порт Луис. После тоа се насочуваме кон Trou AUX Cerfs. Тој огромен природен булкански кратер со длабочина 85 метри и ширина 200 метри се образувал пред милиони години.

Ќе ја видите познатата куќа "Domaine Des Aubineaux" и нејзините градини. Ова е колонијална куќа изградена во 1872 год од сопственикот на насади Bois Cheri, првиот и најголем производител на чај во Маурициус. После посетата во куќата ќе се посети градина со егзотични дрвја од ендемската гора каде со сигурност ќе уживате во прекрасната глетка на плантажите со чај.  

За време на разгледот водич од фабриката ќе ве запознае со историјата на производство на чај. Денес овде се произведуват ароматизирани чаеви, зелен чај и чај од билки. Ќе имате можност да ја видите убавата панорамска глетка на јужниот дел од островот со чаша ароматизиран чај.

Разгледот ќе продолжи кон куќата од 19ти век – Saint Aubin. Ќе ги видите плантажите од ванила, орхидеи и цвеќиња, ќе се запознаете со производството на рум и истиот да го дегустирате.

Цена по лице: 200 EUR (од 1 до 3 лица)

                       135 EUR (од 4 до 8 лица)

 

 

Шарената земја на Маурициус

Природниот парк "La Vallée" е една от најпознатите и уникатни атракции на островот, која освен туристите го воодушевува и локалното население.

Љубителите на природата ќе се вљубат во ова место кое изобилува со голем број различни видови флора и фауна. Ќе имате можност да уживате во големиот број природни пејсажи, вклучувајќи планини, долини, кратери и кратерни езера. Паркот е дом на сувоземни желки, мајмуни, риби и птици како и на загрозениот вид розев гулаб (таканаречен голуб на Мајер), морски тропски птици и папагали. Различните дрвја и некои други ретки растенија допринесуват за убавината на паркот.

Ги нудиме следните активности:

  • Step Jet
  • ATV
  • Трекинг
  • Зип лајн

Цена по лице:   445 EUR (од 1 до 3 лица)

                         390 EUR (од 4 до 8 лица)

 

Седумте каскади/ водопадите Тамаринд

Имате можност да отидете длабоко во локалните гори на јужен Маурициус - Les Sept  Cascades. Името буквално во превод означува “седум водопади”. Низ прошетката ќе ги видите едни од најпредизвикувачките места, а на крајот на прошетката ќе стигнете до студените извори и водопади. Ќе имате можност да уживате во преубавите панорамски погледи. Ќе помините низ мала патека од каде за прв пат ќе ги видите седумте водопади, а после тоа ќе застанете на уште неколку места од каде ќе ги видите водопадите од различни страни.

Цена по лице: 140 EUR (од 1 до 3 лица)

                         95 EUR (од 4 до 8 лица)

 

Полудневна тура до островот Ile aux Aigrettes

Ile aux Aigrettes е мал корален остров (25 хектара) само краj бреговете на градot Махебург. Островoт е  под заштита на фондацијата на Mauritius Wildlife.

Нашиот разглед на Ile aux Aigrettes ќе трае час и половина како и дополнително уште 10 минути во секоја насока на патување со брод. Како дек од таа екскурзија ќе имате можност да ја видите оригиналната природа на Маурициус со водич. Овде ќе видите растенија и животни кои се уникатни за Маурициус и не се среќават на други места во светот. Некои од нив се близу до изумирање како реткиот розев гулаб.

Исто така ќе се посети и локалниот растителен расадник. Токму таму ќе се информирате за реткиот розев гулаб, птицата керкенез и се разбира џиновските желки.

При посета на Ile aux Aigrettes Вие ќе останете воодушевени од пејсажите на југоисточен Маурициус кој ќе ви даде поглед на раната историја на Маурициус.

Цена по лице:  110 EUR (од 1 до 3 лица)

                          65 EUR (од 4 до 8 лица)

 

Целодневна тура со катамаран

После појадокот ќе поидеме кон ден исполнет со сонце, пијалоци, вкусна храна, многу забава и релаксација на крстарење со катамаран.

За Ваша удобност ви нудиме голем избор на крстарења до неколку дестинации со неколку различни појдовни точки. На север изборот е меѓу Gabriel Island и Flad Island. Исто така можете да видите делфини за време на еден од нашите крстарења по западното крајбрежје. Друга можност е да изберете крстарење на источниот брег со посета на познатиот остров Ile aux Cerfs.

За време на крстарењата ќе имате слободно време за нуркање, сончање и пливање. На катамаранот ќе можете да уживате во вкусна скара, пресна риба, пиле и селекција од салати и вкусен леб.

Цена по лице: 95 EUR

 

Неочекувана средба со делфини – полудневна тура

Уживајте во една неверојатна средба со делфини. Ќе се приближите со глисер ќе го посетите островот Benitiers каде ве очекува вкусен ручек.

Уникатен дел од доживувањето е пливањето со делфини во нивната природна средина.

Како дел од патувањето е следното:

    Сезони



    Награди и признанија

    1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
    2. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Uniont, 2015 год.
    3. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
    4. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
    5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
    6. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.
    Let's socialize




    © 2015
    All Rights Reserved


    Newsletter


    Корисничка поддршка
    +389 34 345 212
    marketing@atlantis.com.mk