Кабо Верде – Рајскиот остров на Африка


Име на сместување
Држава
Дестинација

КАПЕ ВЕРДЕ – Рајскиот остров на Африка

секоја сабота за период
07.01.2017 – 06.05.2017


Капе Верде е независна островска држава во Атлантскиот Океан на околу 570 километри оддалеченост од Западна Африка. Островите, кои заземаат вкупна површина од нешто повеќе од 4.000 километри квадратни, се со вулканско потекло. Три острови, Сал, Боа Виста и Мајо, се рамни и песокливи острови, додека останатите се карпести и имаат повеќе вегетација. Поради слабата врнежливост, островите не се покриени со зелена вегетација, иако името тоа го налагаат....
Меѓутоа поради разновидната фауна, прекрасните плажи и природни убавини, Капе Верде е бисерот на Африка.........

 

Датум на заминување

Цена по лице во двокреветна соба

Цена по лице во бунгалов

Трет возрасен

Цена по лице во еднокреветна соба

Цена за дете
(0-11,99г.)
со двајца родители

07.01.2017 – 06.05.2017

1090€

1180€

980€

1250€

690€

цените се дадени по лице по пакет во хотел, Crioula Clubhotel & Resort 4*


All inclusive опис :
појадок, ручек, вечера, во основниот ресторант на хотелот со вклучени пијалоци – точено вино, пиво, вода, попладневна ужина се служи на барот од базентот. Национални пијалоци алкохолни, безалкохолни се вклучени во цената.
Кафе еспресо, вода во шише и сите брендирани пијалоци и увезен алкохол се со доплата на лице место.

 

 

ЗАБЕЛЕШКА : цената е валидна за целата сезона до 06.05 и е со поаѓање секоја сабота со исклучок на период 12.04-18.04.2016

 

 

Датум на заминување

Цена по лице во двокреветна соба

Трет возрасен

Цена по лицево еднокреветна соба

Цена за дете
(0-11,99г.)
со двајца родители

07.01.2017 – 06.05.2017

1490€

1265€

1940€

760€

цените се дадени по лице по пакет во хотел, Melia Tortuga Beach 5*

 

All inclusive опис :
Појадок на шведска маса со вклучени ладни и топли пијалоци, сокови и минерална вода во основниот ресторант или во ,'' Grill '' ресторантот.
Ручекот е во основниот ресторант на шведска маса со вклучени безалкохолни пијалоци, вода, пиво или наливно вино или во '' GrillBeach '' ресторантот или во барот на плажа со полесни јадења.
Вечерата е на шведска маса во основниот ресторант со вклучени безалкохолни пијалоци, вода, пиво и наливно вино.
Од 9ч. до 02 часот на располагање имате топли и ладни пијалоци (пиво, вода и алкохолни) во различни барови и ресторанти во склоп на хотелот.

 

ЗАБЕЛЕШКА : цената е валидна за целата сезона до 06.05 и е со поаѓање секоја сабота со исклучок на период 12.04-18.04.2016

 

Програма 8 дена / 7 ноки

Секоја сабота за период од 07.01 – 06.05.2017

 

1-ви ден:  Милано – Капе Верде
Полетување  од Милано во 17:20 часот. Пристигање во 21:40 часот. Пречек од страна на агенцијата партнер и трансфер до хотелот. Сместување и ноќевање.


(Туроператорот ви нуди услуга за полетување Скопје – Милано – Скопје или Софија – Милано – Софија)

 

2 ден: 
Појадок. Информационен состанок за запознавање со дополнителните екскурзии и факултативи на лице место. Слободно време.
Ноќевање

 

3-ти ден:
Појадок.
Слободно време за плажа и можност за екскурзија со дополнителна доплата – Салина Релакс (SPA во вулкан)

Името на островот Сал означува – Остров на солта - . Овде нема планини, само кратер (Педра де Луме) на изгаснат вулкан,  чија основа е направена од природна сол. Океанската вода достигнува до дното на кратерот, по подземни канали... Се посетува Crioula Beauty Centar, каде прекрасната природа, тишината и спокојството за задоволство и уживање на гостите. Овде ќе имате можност за спа процедури, како, спа третман во кална бања или масажа со сол, да се бањате во базенти со различна концентрацја на сол. Во малите базенти, благодарение на високата соленост, телото ви се задржува на површината од водата... Водите во соните базенти од кратерот на Педра де Луме се 25 пати по солени од океанските води и терапевтски и лековити својства.
Ноќевање.

 

4-ти ден:
Појадок.
Слободно време за плажа и можност за екскурзија со дополнителна доплата – Разглед на ос-т Сал.
Целодневен разглед на островот Сал. Разгледот започнува од прекрасната плажа Igrijinha, после тоа се посетуваат дивите лажи на Монте Леао и заливот Мурдеира, од каде се посетува малиот град Палмеира со неговото туристичко пристаниште. Посета на природните базени на Арагон и Буракона.
Разгледот продолжува кон исток и посета на зоната на привиденијата – Терабоа, потоа разгледот води кон солниците на Педра де Луме, каде се служи ручек надополнет со прекрасна глетка од вулканот.
Каток престој во престолнината Еспаргос.
Разгледот завршува со посета на Dune Beach – Понте Прета – каде присутните ќе имаат можност за плажа.
Враќање во хотелот.
Ноќевање

 

5-ти ден:
Слободно време за плажа и можност за екскурзија со дополнителна доплата – Откривање на островите Боависта, Фого, Сао Николау или Сао Винсенте

Не ја пропуштајте можноста за време на престојот на островот Сал, да посетите и некои од околните острови.
Екскурзија вклучува краток лет до некој од островите Боависта, Фого, Сао Николау или сао Винсенте.
После слетувањето, состанок со локален водич кој ве води во прошетка на соодветниот остров.
Ноќевање.

6-тиот ден:
Појадок.
Слободно време за плажа и можност за екскурзија со дополнителна доплата – Quad тур.

За време на оваа факултативи, ќе се откријат бројни прекрасни пејсажи, незаборавни глетки, кои се во доста непристапни предели.... Времетраењето на оваа факултатива е околу два до четири часа.

7-ми ден:
Појадок.
Слободно време за плажа и можност за екскурзија со дополнителна доплата – педалинки.


На педалинките од Арматоре, имате можност за една прекрасна морска прошетка.
Од пристаништето на Палмеира, се пристигнува до прекрасниот залив Мурдеира, каде ќе имате можност за пливање, нуркање или риболов. Ручек на брод.
Ноќевање.

 

8-ми ден:
Појадок.
Ослободување на собите и трансфер до аеродромот, со полетување во 22:30 ч. Од Капо Верде со Милано.

9-ти ден:
Пристигање на аеродромот во Милано во 06:25 часот.

 

 

Забелешка – Цените и Дополнителните екскурзии по денови подлежат на промени од месниот туроператор.


Во цената е вклучено :

- Авионски билет – Милано – Капе Верде – Милано (со вклучени авио такси)
- 7 ноќевања на база на All Incl. во избраниот хотел   
- Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
- Медицинско осигурување со покритие до 10000 евра. за време на целиот престој.
- Пречек на групата од лице од партнер агенцијата (англиски, италијански, португалски и шпански јазик)
- Состанок со групата за планирање на екскурзиите
- 24 часовна асистенција за целото време на престојот


Во цената НЕ е вклучено :

- Авионски билет – Скопје -Милано-Скопје или Софија-Милано-Софија
- Такса за гориво – цената е променлива и е во зависност од моменталната цена на горивото
- Услуги кои не се вклучени во програмата
- Лични трошоци
- Виза – може да се плати овде или на самото место на пристигање

Информации за лет :
- Во период од 07.01-06.05.2017, секоја сабота
- Програмата започнува со полетување од Милано (Бергамо) во 17:20 часот, пристигање во 21:40 часот.
- Повратниот лет е во 22:30 часот, слетување во 06:25 часот.

Неопходни документи за виза :
- Оригинален пасош, вашечки 6 месеци од датата на враќање
- За деца под 18 год. кои патуваат без родители – нотарски заверена согласност за патување без или со едниот родител (оригинал и една копија). За деца чии родители имаат различни семејства, потребно е извод на раѓање во кои се запишани двајцата родители.

Начин на плаќање :

* Готовинско или плаќање со кредитна картичка
* При резервацијата на аранжманот се уплаќа 50% од износот на аранжманот,
остатокот се уплаќа најдооцна 20 дена пред почетокот на аранжманот
* Доколку плаќањето се врши преку девизна сметка – банкарските трошоци ги покрива барателот на услугата

Рокови и начини за отказ на резервацијата :
* До 60 дена од датата на поаѓање – без санкции
* Од 59 дена до 10 дена пред поаѓање – 15% од пакетната цена
* Од 9 дена до поаѓање – 100% од пакетната цена

Дополнителни информации :
- Пакетната цена не е обврзана за одреден број на пријавени и за определена дата
- Програмата е индивидуална и не предвидува придружник од агенцијата
- Нема потреба од санитарни и медицински вакцинации и имунизации за патување до островот Капе Верде

Важни Напомени :
* Категоризацијата и класификација на хотелите е во согласност со законодавството и нормите на земјата-домакин
* ТА АтлантиС не е одговорна за реализација на избраните локални факултативи  и излети
* Патниците сами сносат одговорност за личната патна документација и нејзината валидност
* Малолетните лица кои патуваат без придружба од двајцата родители, задолжително треба да имаат заверена согласност од родителите при премин на границата

 

ТА АтлантиС го задржува правото да пропише и други услови за плаќање, при поедини промотивни периоди
Цената е гарантирана само при уплата на комплетниот износ. Во спротивно, гарантиран е само износот на аконтацијата.
Во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на авио услугите и хотелското сместување, агенцијата го задржува правото на корекција на цената, измена на програмата на патување или отказ на патувањето.

КРАЕН РОК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ, ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ОД СТРАНА НА ТА АТЛАНТИС Е 5 ДЕНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПАТУВАЊЕТО.
Организаторот има право да 5 дена пред поаѓање го откаже патувањето, поради пребукираност во хотелот или да понуди алтернативен смештај во друг хотел од иста категорија и слична цена.

СЕ МОЛАТ ПАТНИЦИТЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ, НАЈКАСНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ.

ЗА ОВОЈ ПРОГРАМ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НАВЕДЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ПРИ ТА АТЛАНТИС ВО СОГЛАСНОСТ СО СКТМ.

Сезони



Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 34 345 212
marketing@atlantis.com.mk