Каливас | Детски Камп

http://www.kalivas.com/index.php/en/
630 78 Metamorfosis, Halkidiki, Greece
Metamorfosi

Име на сместување
Држава
Дестинација

ДЕТСКИ КАМП КАЛИВАС (МЕТАМОРФОЗИ) 

Традиција од 1977 година , со главен преоритет исполнување на детскиот сон. Лоциран во 20 хектарска борова шума на преубавиот втор крак на Халкидики. На сама песочна плажа кампот обезбедува перфектни услови за спорт и рекреација. Професионален и обучен кадар на располагање 24 часа.   

Мотото на вработените е на децата да им бидат родители, пријатели и професори, за да им овозможат незаборавно лето и скапоцено забавно искуство, притоа обрнувајќи огромно внимание на безбедноста на децата.

Лето, море, пливање, игри, спорт, пријатели, борба со перници, надворешно кино, диско, чистота, мирисот на борови дрвја... Со еден збор, Каливас! Магично место каде зеленото се спојува со синото, планината со морето, играњето и безгрижноста со одговорноста, нудејќи на децата единствена можност да бидат во контакт со природата и со себеси.

Една стара песна на кампот вели: „Ние живееме, живееме добар живот, овде во кампот под отворено небо...“

Пријателствата формирани овде траат засекогаш, песни на камперите кои враќаат убави спомени, ноќи со многу смеа, солзи при заминување и ветување за повторна средба следното лето.. КАЛИВАС. Сите ќе бидеме таму!


КАМПЕРСКА ОПРЕМА

Што треба да донесам со себе?
Погледнете ја индивидуалната листа за лични потреби која треба да ја спакува секое дете.

ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ

Наш приоритет претставуваат безбедноста и здравјето на секое дете во нашиот камп

ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Пријателска препорака до родителите: Секојдневната комуникација со детето ќе донесе само повеќе грижи кај вашето дете која нема да помогне во прилагодувањето на животот во кампот

ЛОКАЦИЈА:

Лоциран во 20 хектарска борова шума на преубавиот втор крак на Халкидики, кај живописното место Метаморфози. На сама песочна плажа кампот обезбедува перфектни услови за спорт и рекреација
Проверете овде

ЗОШТО ДА ОДАМ ВО КАМПОТ

Покрај запознавањето на нови другарчиња, преубавото искуство и допирот со прирородата, престојот во кампот има уште многу што да понуди...

МАПА:

Погледнете го нашиот простор и објекти на мапата - овде.


АКТИВНОСТИ 

  • Кошарка – Обојка

  3 кошаркарски терени и 3 терени за одбојка

  • Базен
    Надворешни базени
  • Плажа
    Дневно пливање во Море Парк
  • Фудбал
    4 фудбалски игралишта со синтетичка трева
  • Уметност, Занаети, Игри
    Шах, Мисловни игри, Игри со падобран итн.
  • Специјални вечерни настани
    Тематски вечери и многу изненадувања
  • Патувања - Екскурзии
    Патување околу Света Гора

 

ЈАЗИК : Англискиот јазик е официјален јазик на кампот

ВОЗРАСТ НА УЧЕСНИЦИТЕ:

 6-16 години

СМЕСТУВАЊЕ:

Бунгалови со 6 кревети на 2 спрата (11 деца + 1 професор).

ЛОКАЦИЈА:

Кампот e опкружен со зелена борова шума, поседува сопствена плажа на брегот на полуостровот Халкидики, Грција и е дел од туристичкото место Метаморфозис, кое брои 500 жители. Песочните плажи, убавата околина, историските знаменитости, чистиот воздух и мирното море ја прават оваа локација одличен избор за неповторливо лето за посетителите.

ДНЕВЕН РАСПОРЕД:

  • 08:30 – будење со музика
  • 08:30 – 09:00 – миење
  • 09:00 – 09:15 – утрински состанок на групите
  • 09:15 – 09:45 – појадок
  • 09:45 – 10:45 – чистење и проверка од водичот
  • 10:45 – 12:00 – пливање во море или базен
  • 12:00 – 12:15 – освежителен пијалок
  • 12:15 – 13:30 – слободно време
  • 13:30 – 14:15 – ручек
  • 14:15 – 14:30 – слободно време
  • 14:30 – 17:00 – попладневен одмор
  • 17:15 – 17:30 – ужина
  • 17:30 – 20:30 – креативни игри (спорт и уметност)
  • 20:30 – 21:15 – вечера
  • 21:15 – 23:00 – забава во диско или кино во склоп на кампот
  • 23:00 – 23:30 – подготовка за спиење
  • 23:30 – гасење светла и добра ноќ!
  • 11 спортски терени (4 за фудбал, 3 за кошарка, 3 за одбојка и 1 за тенис)
  • Базени (отворени)
  • Маси за пинг-понг и шах
  • 3 дискотеки
  • 2 кина
  • Посебни делови за спортски и уметнички активност

КАМПОТ РАСПОЛАГА СО

  • 11 спортски терени (4 за фудбал, 3 за кошарка, 3 за одбојка и 1 за тенис)
  • Базени (отворени)
  • Маси за пинг-понг и шах
  • 3 дискотеки
  • 2 кина
  • Посебни делови за спортски и уметнички активности

ШТО ТРЕБА ДА НОСИТЕ 

Не заборавајте да се стави во куфер :

Перница и постелнина Крпи ( плажа, бања , лице) , многу долна облека, чорапи , спортска облека , патики, долги панталони , џемпер или јакна, костим за капење , шапка, лосион за сончање , пливачка капа за базен.

За лична хигена : Четка за заби , паста за заби , шампон, гел за туширање.

Запомнете: Вредни предмети , мобилни телефони , електронски игри. ( Кампот не е одговорен за загубата на некој од овие елементи )



 

локација

X Координати: 40.228097
Y координати: 23.595131

Цената е дадена по лице за 7 ноќевања, во евра за уплата во денарска противвредност од 1€=62мкд


ТерминиБрој на ноќевањаЦена
03.07 - 10.07.20187 ноќевања229
10.07 - 17.07.20187 ноќевања229

Цената вклучува:

  • 7 полни пансиони (појадок, ручек и вечера + две ужини дневно)
  • 1 лидер на 10 деца
  • + ГРАТИС крстарење до Света Гора (Крстарење по крајбрежјето на Света Гора, посета на најуникатната Република во Европа- МОНК. Разглед на живописно рибарско село, во традиционален грчки стил) -


Цената не вклучува:

  • Превоз - можност за доплата за превоз 35ЕУР по лице. (Поаѓање од Скопје, Велес, Неготино, Удово, Штип (со доплата од 5ЕУР), Радовиш (со доплата од 5ЕУР) и Струмица (со доплата од 5ЕУР),
  • Осигурување
  • Цената е дадена по лице за 7 ноќевања на база Full Board, во евра за уплата во денарска противвредност од 1€=62 мкд.


Награди и признанија

1. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
2. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
3. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.
4. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
5. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
6. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
7. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
8. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk