Пребарувај понуди


Име на сместување
Држава
Дестинација
од
до
Категорија
Број на ѕвезди





Соопштение во врска со пандемијата на вирусот Covid-19!

Почитувани,
Заради неизвесноста од пандемијата со COVID-19 во однос на понатамошните патувања, Ве известуваме дека за веќе резервираните аранжмани Ви следува вредносен ваучер. Во продолжение Ви го пренесуваме соопштението за издавање ваучери.

СООПШТЕНИЕ

Почитувани патници,

Имајќи ја предвид моменталната состојба на прогласена пандемија на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, поради прогресивното ширење на коронавирусот (COVID – 19), како и препораките на Владите ширум светот поддржани од меѓународните институции, да не се патува, како една од главните причини за експанзија на вирусот го испраќаме ова соопштение до Вас во име на нашата туристичка агенција, со цел да Ве информираме дека ЦЕЛОСНО СЕ ОТКАЖАНИ сите туристички аранжмани во организација на ДТУ АТЛАНТИС Дооел, за пролетната и летната сезоната, за сите дестинации надвор од РСМ заклучно до 30 септември 2020 година. Тоа значи дека станува збор за генерална одлука. (Се додека не се створат услови за повторно патување)

Владата на Р.С.Македонија на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 80 од 27.03.2020 година). Уредбата упатува на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции.

За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение Ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите:
- Патниците кои имаат уплатено пакет аранжмани пред воведувањето на вонредната состојба, а кои се во организација на ТА АтлантиС, ќе им биде издаден “вредносен ваучер” на уплатениот износ за туристичкиот аранжман кој ќе може да го искористат за друг аранжман од понудата на ТА АтлантиС. Ваучерите се со важност до 31.12.2021 година.
- Патниците кои имаат уплатено аранжмани кои се со посредство на ДТУ АтлантиС ДООЕЛ ќе се применуваат условите кои давателите на услугите ќе ги понудат на корисниците на истите, согласно мерките и препораките на Владите на земјите во кои треба да се реализира уплатениот аранжман.

Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат за сите веќе откажани патувања во време на траење на вонредната состојба (од 16 март 2020 година)

Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот (патникот) на туристичкиот аранжман.

Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година. (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија, за потребната евиденција).
Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност на двете страни. Односно, туристичката агенција-организатор на аранжманот или овластената туристичка агенција за продажба (од една страна) и корисникот на ваучерот-патникот (од друга страна), ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на реализација и времетраење на аранжманот.
Издадениот ваучер патникот ќе има можност да го искористи за аражмани достапни во понудата на туристичката агенција (организатор на аранжманот).
Вредноста на ваучерот ќе биде во истот износ колку што била уплатата за аранжманот, а кој е откажан поради вонредната состојба.
Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено резервација и уплата на аранжманот, или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат (e-mail).
Ваучерите кои ќе бидат издадени и гласат на име на патникот кој извршил уплата/резервација, можат да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник по договор меѓу патникот и туристичката агенција.

* Горенаведените услови НЕ се однесуваат на резервациите за авионски билети. За секој авионски билет ќе бидат валидни условите на самите авио компании кои се реализатори на летовите. За подетални информации контактирајтé не на емаил info@atlantis.com.mk.

На следниот линк може да ја прочитате Уредбата за туристичките агенции донесена од Владата на Република Северна Македонија на 24.03.2020 (Линк до уредбата).

Најчести прашања и одговори

1. Од кога може да се користат ваучерите?

Со отворањето на канцелариите клиентите ќе можат да си ги подигнат вредносните ваучери и истите да ги искористат за да ја потврдат постоечката резервација веднаш ( доколку има услови за истото ), да ја променат во моментот на подигнувањето или да го задржат ваучерот се додека не се одлучат да резервираат нов аранжман.

2.Дали има краен рок за поднесување барање за ваучер?

За секоја резервација автоматски е издаден ваучер. Крајниот рок до кога може да се подигнат ваучерите не е сеуште дефиниран и истиот ќе биде дефиниран во моментот кога ке раполагаме со соодветни информации за тоа кога може да се патува.

3. Дали ова значи дека нема да има аранжмани за лето?

Не, ние се надеваме дека ситуацијата ќе се смири и за брзо ќе бидеме во можност да патуваме и да ги реализираме сите планирани аранжмани, меѓутоа за да ги заштитиме Вашите влогови мораме да се придржуваме до уредбата / одлукатата од Владата на СРМ, па доколку е се во ред како што се надеваме ќе може повторно да Ви ги резервираме истите аранжмани

4. Колку време по отворањето на канцелариите треба да се доплатат веќе резервираните аранжмани за да се задржи веќе изминатиот попуст за рана резервација?

Сите резервации со попуст за рана резервација кој истекол за време на вонредната состојба, клиентите можат да си ги доплатат задржувајќи го попустот до 15 дена по отворањето на канцелариите.

5. Дали може парите од резервацијата што се откажува да се префрлат за друга постоечка резервација? За каков аранжман ваучерот ќе може да се искористи ?

Доколку клиентот има веќе постоечка резервација (2 аранжмани – наш закуп) би можела да си ги го искористи Ваучерот за доплата. Ваучер од добавувач не. Ваучерите имаат важност за аранмжман од ист тип како претходно направената резервација : -ваучер за резервација од сопствен закуп има важност за идна резервација од сопствен закуп. -ваучер за резервација од странски/домашен тоур оператор / туристичка агенција има важност за идна резервација од истиот.

6. Зошто не се валидни општите услови за патување на СКТМ ако откажуваат од друга причина?

За време на вонредната состојба беше донесена Уредба од Министерството за Економија со која беше дадена насока сите аранжмани да се откажат навремено со цел да се заштитат влоговите на клиентите а, со истото и на агенциите. Како производ на ова беше донесена одлука да се издаваат вредносни ваучери за сите дотогаш направени резервации кои не би биле во можност да се реализираат или би сакале да ги презакажат за друг период по завршувањето на опасноста од вирусот во согласност со терминот кој им одговара на клиентите. За жал,општите услови на СКТМ не се валидни веќе бидејќи во вонредна состојба се донесуваат нови уредби по кои мора да се водиме како што беше случајот сега. Од истите произлезе потребата да се откажат сите аранжмани и автоматски за истите да се издадат вредносни Ваучери.

7. Дали уплатената сума може да се користи за повеќе од еден аранжман доколку новоизбраните аранжмани имаат пониска вредност?

Од вкупната вредност на ваучерот може да се резервираат повеќе од еден аранжман. Доколку сумата на два или повеќе аранжмани ја надминува сумата на ваучерот ќе мора да се направи доплата. Доколку е пониска не се прави поврат туку се смета тој ваучер за искористен.

8. Дали може да се искористи само дел од сумата на ваучерот, остатокот подоцна?

Ваучерот може да се користи еднократно. Истиот може да биде искористен за повеќе од еден аранжман меѓутоа не може да се користи дел а остатокот да се остави за подоцна.

9. Дали ваучерот е пренослив на друго лице?

Вредносниот ваучер може да се пренесе на друго лице со претходно потпишана изјава од носителот.

10. Под кои услови ќе се издаваат ваучерите за авио карти?

Ваучерите за авио карти ќе се издаваат според условите на авио компанијата која ја има издадено авионската карта.


Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Сопствен Закуп - Лето 2020



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk